Forever Nature Min / Forever Nature / Aloe Vera Makedonija / Nature Min / Aloe Vera MK /
Додатоци на исхрана

Nature Min Forever

Forever Nature Min
180 таблети
1188 денари
1250денари

Својства

Nature Min Forever е одличен начин да сте сигурни дека вашиот организам ќе ги добие минералите и микроелементите кои ви се потребни за здрав и балансиран начин на живот.

4% проценти од нашата телесна тежина се минерали. Човечкиот организам не може да произведе минерали и затоа мора да ги добие преку храната. Со интензивното исцрпување на минералите од почвата, користењето на додатоци во исхраната станува неопходно.

Минералите извршуваат три основни функции во организмот:

  1. Некои ги градат коските и забите, како на пример калциумот, фосфорот и магнезиумот.
  2. Други во форма на растворливи соли го контролираат составот на телесните течности и клетките. На пример, калиумот и натриумот ги регулираат течностите. Нивниот недостаток доведува до отоци или дехидрација.
  3. Минералите, како на пример, железото во хемоглобинот, извршуваат многу други задачи кои се од витално значење. Ја комбинираат својата дејност со многу ензими и протеини кои учествуваат во ослободувањето и апсорбирањето на енергија.

Nature Min Forever претставува засилена мулти-минерална формула која содржи нови био-форми на GTF хром и селен за максимално апсорбирање. Ви обезбедува минерали и микроелементи во една целосна балансирана порција, што е исклучително важно за нивното ефективно функционирање. Минералната основа се состои од 100 mg природен талог од морското дно, формиран од хелатни минерални елементи од растителен и животински морски свет, како морски треви, алги и ракчиња. Минералите од морското дно се богати со микроелементи.

Состав

Калциум – 167 mg, Фосфор – 128 mg, Магнезиум – 67 mg, Железо – 3 mg, Цинк – 2,5 mg, Манган – 0,34 mg, Бакар – 0,34 mg, Јод – 25 μg, Молибден – 6 µg, Селен – 6 µg

Основни карактеристики

  • Природен талог од морското дно.
  • Одлична комбинација од минерали во секоја таблета.
  • Минералите имаат повеќе улоги во човечкиот организам, почнувајќи од регулирање на балансот на течностите до активирање на гените и хормоните.

Слични производи

Како можам да ви помогнам?
Мартин

Здраво, добредојдовте на мојот сајт. Како можам да ви помогнам?
Send a message
Powered by ThemeAtelier