Forever Fiber обезбедува 5 грама брзо растворливи влакна во удобни индивидуални дози за поддршка на здравата исхрана. Експертите препорачуваат да внесуваме до 30 г растворливи влакна дневно за оптимално здравје и дигестивна функција. За жал повеќето од нас внесуваат само половина од тоа количество. Forever Fiber е патентирана мешавина од четири нутриенти и е практичен начин да додадете влакна во секојдневниот режим. Можете да ги посипете врз храната, да ги растворите во гел од алое вера или друг пијалок. Исто така може да сипете во вашето шише со вода кога сте во движење.
Иако често ги поврзуваме растворливите влакна само со поддршката на дигестивната функција, тие имаат благотворен ефект за целиот организам. Ако земете Forever Fiber помеѓу оброците, може да ви помогне да се чувствувате сити и така да го контролирате апетитот и консумираните калории. Ова е многу важно за оние кои се на програмата за контролирање на телесната тежина, кои користат Forever Fiber со здрава исхрана и редовно вежбање. Влакната можат да придонесат и за задржување на шеќерот во крвта во нормални граници. Освен тоа можат и да ја забават апсорпцијата на макронутриентите од храната. Растителните влакна исто така помагаат за намалување на чувството на тромост и ниска енергија по оброците.
Научниците денес признаваат дека 70 до 80% од нашиот имунитет е поврзан со дигестивниот систем. Бидејќи растителните влакна несомнено го помагаат дигестивниот систем, тие би можеле да се покажат како корисни и за природната заштита на организмот од напаѓачите. Според истражувањата, растителните влакна ја поддржуваат и кардиоваскуларната функција. Консумацијата на доволни количини растителни влакна е многу важно. Го олеснува исфрлањето на отпадни материи од организмот и може да помогне да се олесни повремениот запек.
Forever Fiber е лесен начин да додадете повеќе влакна во вашата исхрана, бидејќи ви обезбедува 5 грама растворливи влакна во секое пакетче. Тоа е еквивалентно на речиси 1 1/2 чаши кафеав ориз или 2 парчиња интегрален леб, но без јаглехидратите и калориите! Со Forever Fiber лесно ќе ја зголемите вашата дневна доза од растителни влакна и ќе го оптимизирате вашето здравје.
Препорака за дозирање
Пијте по 1 пакетче Forever Fiber на ден. За оптимални резултати, истурете ја содржината во чаша и додадете вода, гел од алое вера или друга течност и темелно измешајте. Можете да го посипете производот и врз храната. Се препорачува Forever Fiber да се зема најмалку 30 минути пред или по други додатоци на исхраната.
Основни карактеристики
- 5 грама диетални влакна во пакетче
- Удобен начин за оптимално внесување на влакна
- Лесно се раствораат во вода, гел од алое вера и други пијалоци
- Брзо растворливи, без глутен, со ненаметлив вкус, без ронки