Forever Calcium / Calcium / Калциум / Форевер калциум / #ФореверКалциум #Калциум #aloeveramk
Додатоци на исхрана

Forever Calcium

Обезбедува научно докажани количества калциум и витамин D за одржување на добра коскена структура и функција. Современите форми на калциум и патентираната комбинација од други корисни минерали обезбедуваат оптимална апсорпција и дејство. Доволните количини калциум и витамин D во тек на целиот живот, како дел од добро балансиран режим на исхрана, можат да го намалат ризикот од остеопороза.
90 таблети
1561 денари
1644денари

Својства

Сите знаеме дека треба да се грижиме за кардио-васкуларниот систем и мускулите, но малкумина обрнуваат внимание на основата на здравата физичка состојба и на активниот начин на живот-коските. Коските претставуваат рамка која ги поткрепува останатите органи во телото. Ако тие не се здрави, дури и најмалиот физички напор може да доведе до фрактури кои ќе го оневозможат движењето. Речиси 99% од калциумот во нашето тело е постојано складиран во коските и забите, за да ја одржува нивната цврстина. Останатиот 1 % е неопходен за ткивата и крвта, во кои тој придонесува за размената на материите на клеточно ниво.

Исхраната која е богата со калциум ви гарантира дека организмот добива доволно од скапоцениот минерал, а калциумот во коските може да остане таму и да ги одржува здрави и цврсти. Но ако не внесуваме доволно калциум со храната, во тој случај телото го извлекува калциумот од коските за да ги поддржи останатите функции. По извесно време, постепената загуба на коскената материја како последица од внесувањето на храна сиромашна со калциум, ги прави коските кревки, со помала густина и подложност на фрактури. Ова особено важи за жените по менопаузата.

Формулата на Forever Calcium е уникатна и гарантира максимална апсорпција. Forever Calcium ги комбинира калциумот со патентирани форми на магнезиум, цинк, манган и бакар, плус витамините С и D.

Ви нудиме лесен и ефикасен начин да го обезбедите неопходниот калциум за здрави коски и активен живот.

Состав

Калциум 200 mg, Магнезиум 75 mg, Витамин С 20 mg, Цинк 1,5 mg, Манган 0,5 mg, Бакар 0,25 mg, Витамин Д 1,25 μg

Други состаојки

Микрокристална целулоза, стеаринска киселина, кроскармелозен натриум, натриум карбоксиметилцелулоза, силициум диоксид, природна арома на ванила, декстрин, средноверижни триглицериди, декстроза, натриум трицитрат.

Основни карактеристики

  • Одличен извор на калциум и други важни минерали.
  • Формула за максимално апсорбирање на калциум.
  • Придонесува за поддршка на нормална состојба на коските и забите.

Слични производи

Како можам да ви помогнам?
Мартин

Здраво, добредојдовте на мојот сајт. Како можам да ви помогнам?
Send a message
Powered by ThemeAtelier