Својства во Паста за заби со Алое Вера
Во ниеден друг производ од нашата богата палета, повеќефункционалното благотворно дејство на алоето не е изразено толку јасно како кај пастата за заби со Алое Вера.
Паста за заби со Алое Вера која е наменета за целото семејство. Соодветенна е и за вегетаријанци, бидејќи не содржи нуспроизводи од животинско потекло. Аромата на ментол е природна, а на основната состојка-стабилизиран гел од алое вера е додаден пчелен прополис. Оваа комбинација освен што има добри антибактериски својства за борба против инфекции и за зачувување на свежината на здивот, нејзините против-воспалителни својства ги штитат непцата и слузницата на усната шуплина. Гелот особено е соодветен за употреба кај непца што крварат и афти, а може да се нанесува директно, во случај кога користењето на четка е премногу болно.
Оптималниот процент на гелот од алое вера неопходен за ефикасно миење беше утврден после континуирани испитувања во врвен стоматолошки колеџ во САД. Беа направени дополнителни набљудувања од голема група лекари и стоматолози пред да се создаде конечната формула. Крајниот резултат е гел за заби со уникатен ефект на чистење. Додадете го на тоа и благотворното дејство на алоето врз непцата и добивате гел за заби кој ги победува своите соперници без многу напор.
Овој производ не содржи флуор.
Состав
Стабилизиран алое вера гел, хидриран силициум диоксид, сорбитол, натриум лаурил сулфат, глицерин, морски алги, (Chondrus Crispus), прополис, арома, натриум сахарин, хлорофилин-бакар комплек, натриум бензоат.
Препорачана употреба
За блескава насмевка и свеж здив, мијте ги забите со Форевер – пастата за заби од Алое Вера по оброците.
Основни карактеристики
35,5% алое вера
- Не содржи флуор.
- Погоден за целото семејство.
- Содржи прополис.
- Помага во белеење на забите и не ја оштетува забната глеѓ