Поленот е оплодувачкиот прав на цветот. Пчелите го собираат и пренесуваат во кошниците за храна. Без поленот растенијата, дрвјата и цветовите не би постоеле. Дури и нашиот живот зависи од него.
Bee Pollen Forever се собира од цветови кои растат скриени во високи пустински области и се става во патентирани колектори од не`рѓосувачки челик. Тоа е гаранција дека добивате најсвежа и мошне моќна природна храна. Bee Pollen Forever е целосно природен и не содржи конзерванси, вештачки ароми или вештачки бои.
Пчелниот полен
Пчелниот полен обезбедува широк спектар од основни хранливи материи: сите витамини од Б комплексот и витаминот C. Тие се растворливи во вода и затоа е потребно да се внесуваат секојдневно. Пчелниот полен исто така ги содржи витамините D, Е, К и бета каротин. Пчелниот полен содржи повеќе хранливи материи на калорија отколку кој и да е друг додаток во исхраната, затоа не е чудно што се смета за една од најбогатите храни воопшто. Всушност човечкиот организам би можел да живее само од пчелен полен со додавање единствено на растителни влакна и вода.
Хранливите материи во пчелниот полен се лесно сварливи и лесно се апсорбираат од организмот. Многу луѓе ги користат неговите благодети, погоден е за спортисти кои го консумираат за сила, енергија и одржување на здравјето.
Пчелниот полен има мноштво други благотворни дејства:
Богатиот коктел од хранливи материи во поленот помага да се подобри хемијата на телото, со што се неутрализира дејството на конзервансите и адитивите во храната.
Тој е природен извор на цинк и витамин Б6 и поради тоа е особено соодветен да се користи кај депресии и предменструална напнатост.
Може да ја намали чувствителноста на организмот и затоа е добро дополнување за подобро да се поднесат алергиите.
Ја потиснува активноста на бактериите и го зголемува ефективното отстранување на отпадни материи и отрови од организмот.
Пчелниот полен содржи и лецитин кој се наоѓа во сите клетки во неговата природна форма. Така помага при варењето и метаболизмот на мастите. Го зајакнува имунолошкиот и нервниот систем.
Состав
Пчелен полен 500 мг, стеаринска киселина, мед,силицум диоксид и матичен млеч.
Препорака за дозирање
3 таблети на ден.
Основни карактеристики
- Мултивитамински и мултиминерален додаток.
- Ја зголемува енергијата.
- Го помага варењето на храната.
- Ги ублажува симптомите на алергија.