Својства
Forever Aloe Scrub e уникатната комбинација од стабилизирано Алое Вера и микросфери од чисто масло од јојоба, пилингот со Алое е доволно нежен за секојдневна употреба и доволно силен длабински да ги исчисти деликатните пори на кожата. Во комбинација, овие 2 природни состојки ја чистат кожата, а истовремено не дозволуваат сушење и оштетување како што е случај кај синтетичките препарати за пилинг.
Forever Aloe Scrub се грижи за кожата. Како основа на неговиот состав е стабилизираниот Алое Вера Гел со природни микросфери на јојоба, на што се должи пилинг ефектот. Овој производ е создаден за целата кожа, вклучувајќи го и лицето, за да ги отстрани мртвите клетки. И непотребните материи, кои што ги затвораат порите и го расипуваат добриот изглед на кожата. Клетките на кожата се регенерираат на секој 21-28 дена. Со помош на нежното дејство на Пилингот со Алое кожата е навистина чист. Ризикот од затнување на порите е намален и новите клетки имаат можност да излезат на површина, што ја прави кожата свежа и сјајна.
Состав
Стабилизиран Алое Вера гел, бутил гликол, сквален (С3ОН50). метил глуоцет-20, дестилирана вода, цетил диметикон, полиакриламид, масло од семки од кајсија, глицерил стеарат, токоферол линолеат, натриум хиалуронат, токоферол ацетат, екстракт од шеќерна трска, гликолска киселина, екстракт од јаболко, екстракт од зелен чај, екстракт од лимон, ретинол палмитат, растворлив колаген. полиетиленгликол-100 стеарат, падимат О, С13-14 изопарафин, лаурет-7, аскорбинска киселина (витамин Ц), триетаноламин, диазолидинил карбамид, метилпарабен, пропилпарабен, мирис.
Препорачана употреба
Нанесете врз мокро лице или тело и нежно масирајте ја кожата со мокрите врвови на прстите (при што внимателно ќе го избегнувате делот околу очите) со кружни движења. Во времетраење од две-три минути. Ако е неопходно, додадете уште вода. Обилно исплакнете и исушете со чиста и мека крпа.
Основни карактеристики
- Природен пилинг за лице и тело.
- Ја подготвува кожата за навлажнување.
- Употребете го пред да нанесете вештачки тен.