Својства
Awakening Eye Cream – Утринскиот крем за околу очи користи патентирани состојки со пептидна технологија. Тие ја смируваат и измазнуваат чувствителната зона околу очите и видно ги чистат фините линии, брчките и сенките под очите. Уникатната форма на колаген со ниска молекуларна тежина го поддржува нормалното формирање на важниот протеин во кожата. И така ѝ помага да е оптимално хидратирана, затегната и свежа.
Докажано е дека една од многубројните состојки на производот – бутилен гликол, ги намалува торбичките и сенките под очите за само 15 дена.
Авангардната состојка – екстракт од кората на „коприненото дрво“ Јулибрисинова албиција, комбинирана со дарутозид, е првата која покажала ефект на подигнување кај виснат горен очен капак. Така производот целосно ги освежува и оживува очите.
Awakening Eye Cream, утринскиот крем исто ги прикрива брчките кои наликуваат на нога од патка околу надворешните агли на очите, ја подобрува површинската структура на кожата и ги осветлува сенките, ја зајакнува мрежата од микросадови. Наместо зоната околу очите да е сува и подуена, очите изгледаат поодморени, будни и подмладени, бидејќи кожната бариера е зајакната, а загубата на вода е ограничена. Сите овие ефикасни состојки се комбинирани во база од чисто, стабилизирано алое и заедно го сочинуваат најсовремениот крем за зоната околу очите, кој ќе ѝ дозволи на вашата убавина да засјае. Блеснете со сјаен и подмладен изглед благодарение на утринскиот крем за околу очи.
Препорачана употреба
Нанесете околу очите со нежен допир.
ВНИМАНИЕ! Избегнувајте директен контакт со очите!
Основни карактеристики
- Ги чисти торбичките и сенките под очите.
- Значително ги намалува брчките.
- Очите изгледаат поодморени, будни и подмладени.