Својства
Nature Min Forever е одличен начин да сте сигурни дека вашиот организам ќе ги добие минералите и микроелементите кои ви се потребни за здрав и балансиран начин на живот.
4% проценти од нашата телесна тежина се минерали. Човечкиот организам не може да произведе минерали и затоа мора да ги добие преку храната. Со интензивното исцрпување на минералите од почвата, користењето на додатоци во исхраната станува неопходно.
Минералите извршуваат три основни функции во организмот:
- Некои ги градат коските и забите, како на пример калциумот, фосфорот и магнезиумот.
- Други во форма на растворливи соли го контролираат составот на телесните течности и клетките. На пример, калиумот и натриумот ги регулираат течностите. Нивниот недостаток доведува до отоци или дехидрација.
- Минералите, како на пример, железото во хемоглобинот, извршуваат многу други задачи кои се од витално значење. Ја комбинираат својата дејност со многу ензими и протеини кои учествуваат во ослободувањето и апсорбирањето на енергија.
Nature Min Forever претставува засилена мулти-минерална формула која содржи нови био-форми на GTF хром и селен за максимално апсорбирање. Ви обезбедува минерали и микроелементи во една целосна балансирана порција, што е исклучително важно за нивното ефективно функционирање. Минералната основа се состои од 100 mg природен талог од морското дно, формиран од хелатни минерални елементи од растителен и животински морски свет, како морски треви, алги и ракчиња. Минералите од морското дно се богати со микроелементи.
Состав
Калциум – 167 mg, Фосфор – 128 mg, Магнезиум – 67 mg, Железо – 3 mg, Цинк – 2,5 mg, Манган – 0,34 mg, Бакар – 0,34 mg, Јод – 25 μg, Молибден – 6 µg, Селен – 6 µg
Препорака за дозирање
6 таблети дневно.
Основни карактеристики
- Природен талог од морското дно.
- Одлична комбинација од минерали во секоја таблета.
- Минералите имаат повеќе улоги во човечкиот организам, почнувајќи од регулирање на балансот на течностите до активирање на гените и хормоните.