Својства
Сите знаеме дека треба да се грижиме за кардио-васкуларниот систем и мускулите, но малкумина обрнуваат внимание на основата на здравата физичка состојба и на активниот начин на живот-коските. Коските претставуваат рамка која ги поткрепува останатите органи во телото. Ако тие не се здрави, дури и најмалиот физички напор може да доведе до фрактури кои ќе го оневозможат движењето. Речиси 99% од калциумот во нашето тело е постојано складиран во коските и забите, за да ја одржува нивната цврстина. Останатиот 1 % е неопходен за ткивата и крвта, во кои тој придонесува за размената на материите на клеточно ниво.
Исхраната која е богата со калциум ви гарантира дека организмот добива доволно од скапоцениот минерал, а калциумот во коските може да остане таму и да ги одржува здрави и цврсти. Но ако не внесуваме доволно калциум со храната, во тој случај телото го извлекува калциумот од коските за да ги поддржи останатите функции. По извесно време, постепената загуба на коскената материја како последица од внесувањето на храна сиромашна со калциум, ги прави коските кревки, со помала густина и подложност на фрактури. Ова особено важи за жените по менопаузата.
Формулата на Forever Calcium е уникатна и гарантира максимална апсорпција. Forever Calcium ги комбинира калциумот со патентирани форми на магнезиум, цинк, манган и бакар, плус витамините С и D.
Ви нудиме лесен и ефикасен начин да го обезбедите неопходниот калциум за здрави коски и активен живот.
Состав
Калциум 200 mg, Магнезиум 75 mg, Витамин С 20 mg, Цинк 1,5 mg, Манган 0,5 mg, Бакар 0,25 mg, Витамин Д 1,25 μg
Други состаојки
Микрокристална целулоза, стеаринска киселина, кроскармелозен натриум, натриум карбоксиметилцелулоза, силициум диоксид, природна арома на ванила, декстрин, средноверижни триглицериди, декстроза, натриум трицитрат.
Препорака за дозирање
3 таблети дневно.
Основни карактеристики
- Одличен извор на калциум и други важни минерали.
- Формула за максимално апсорбирање на калциум.
- Придонесува за поддршка на нормална состојба на коските и забите.