Forever Active Pro B / Active Pro B / Pro B forever / пробиотик форевер / форевер пробиотик / форевер про б / про б форевер / active pro b /
Додатоци на исхрана

Forever Active Pro-B

Балансирана патентирана комбинација од шест клинички проучувани пробиотски соеви за поддршка на варењето на храната, подобрување на апсорпцијата на хранливите материи и поддршка на имунитетот. Forever Active Pro-B обезбедува над 8 милијарди CFU (единици кои формираат колонии) во една доза, заштитени со ексклузивна криогена технологија и уникатно пакување.
30 капсули
2392 денари
2518денари

Својства

Forever Active Pro-B делува првенствено во цревата каде што го поддржува процесот на варење на храната и помага за апсорпција на хранливите материи. Придонесува за нормалниот раст и развој на човекот преку обезбедување на балансирана средина за силен имунитет и здрав дигестивен систем.

Forever Active Pro-B содржи FloraActive – серија од корисни пробиотски соеви, разработени во Универзитетската болница во Копенхаген која е лидер во областа на гастроентерологијата. Со своите шест различни пробиотски соеви, Forever Active Pro-B обезбедува осум милијарди CFU (единици кои формираат колонии) во една капсула. Формулата вклучува и пребиотски фибри, идеални за одржување на корисните микроорганизми за време на нивното чување, транспортирање и доставување до цревата. Пребиотиците обезбедуваат идеална средина за живот и размножување на пробиотиците.

Бидејќи пробиотиците се прилично ранливи, Forever Active Pro-B користи ексклузивна криогена заштитна технологија. Таа ги чува корисните бактерии при производството и во текот на рокот на траење на производот. Самите пробиотски соеви се така избрани да бидат отпорни на желудочната киселина и жолчните соли, за да стигнат до цревата неоштетени. Според клиничките истражувања, овие видови микроорганизми имаат поголема способност да преживеат при минување низ стомачно-цревниот тракт. Можат да формираат колонии и да се размножуваат.

Но, тоа не е сѐ. Forever Active Pro-B е во растителни капсули, спакувани во уникатен флакон со Activ-Vial™ технологија. Новата технологија вклучува специјално разработен слој вграден во ѕидот на флаконот, кој го заштитува производот од влага и обезбедува максимално добро складирање на живите бактерии.

Пробајте го Forever Active Pro-B во комбинација со нашиот гел од алое вера кој делува како пребиотик. Независно дали вашата цел е да го поддржите здравјето на дигестивниот систем или да ја подобрите апсорпцијата на хранливи материи – имаме решение. Додадете го Forever Active Pro-B во секојдневниот режим.

Состав

Патентирана пробиотска комбинација со 8 млрд. CFU (единици кои формираат колонии): бифидобактериум лактис (5,2 млн./30 mg), лактобацилус рамнозус (1,15 млн. / 20 mg), лактобацилус реутери (580 млн. / 10 mg), лактобацилус ацидофилус (580 млн. / 8 mg), бифидобактериум лонгум (200 млн. / 5 mg), бифидобактериум бифидум (290 млн. / 5 mg); хидролизиран пченкарен декстрин, фруктоолигосахариди, глазура (хидроксипропил метилцелулоза), средство против згрутчување (магнезиум стеарат, силициум диоксид), обојувач (титан диоксид).

Основни карактеристики

  • Помага за здравјето на дигестивниот систем.
  • Има способност да ја избегне стомачната киселина за оптимален пренос на бактериите до цревата.
  • Содржи 6 синергички соеви, како и клинички проучениот лактобацилус рамнозус.
  • Над 8 милијарди CFU (единици кои формираат колонии).
  • Криогенски заштитените соеви ја обезбедуваат ефикасноста и издржливоста на производот.
  • Не содржи соја и алергени.

Слични производи

Како можам да ви помогнам?
Мартин

Здраво, добредојдовте на мојот сајт. Како можам да ви помогнам?
Send a message
Powered by ThemeAtelier