Спреј Aloe First познат е како „доктор во домот“ . Спрејот содржи алое вера, пчелен прополис и 11 одбрани билки.
Својства
Спреј Aloe First е прекрасен додаток за секој дом за прва помош. Спрејот ја заштитува кожата од инфекции и воспаленија. Создаденен е со голем процент стабилизиран гел од алое вера, содржи и други одбрани состојки, поради што е незаменлив производ за различни кожни проблеми.
- Пчелниот прополис ги зголемува природните антибиотски својства на алое вера.
- 11 внимателно одбрани билки, познати по своите благотворни својства, се додадени за уште поголем ефект.
- Алантоинот ја заштитува кожата и се среќава во мноштвото растенија, вклучително во надворешната кора на листовите на алоето.
Сите овие состојки се комбинирани во 1 природен спреј, за употреба кај кожни иритации – црвенило, рани од исекувања, плускавци, и модринки. Лесен за употреба дури и кога допирот со кожата е многу болен, Aloe First помага при помали исеченици и изгореници од сонце. Тој е со балансиран pH и има смирувачко дејство дури и кај најчувствителната кожа. Aloe First може да се прска и врз косата, за да ја заштити од штетните ултравиолетови зраци на сонцето. Се користи во фризерски салони пред да се прави трајна фризура, за да се спречи сушењето на косата како резултат на употребените препарати. Во козметичките салони Спреј Aloe First дејствува особено смирувачки после депилација.
Спрејот е исклучителен производ кој по своето дејство е ненадминат во својата категорија.
Состав
Стабилизиран гел од алое вера, алантоин, глицерин, вода, пчелен прополис, екстракт од цветови на невен (Calendula Officinalis), токоферол (природен витамин Е), екстракт од ајдучка трева (Achillea Millefolium), екстракт од цветови на камилица (Anthemis Nobilis), екстракт од корен на глуварче (Taraxacum Officinale), екстракт од цветови и листови на мајчина душица (Thymus Vulgaris), екстракт од листови на еукалиптус (Eucalyptus Globulus), екстракт од цветови на пасифлора (Passiflora Edulis), екстракт од листови на жалфија (Salvia Officinalis), екстракт од боражина (Borago Officinalis), екстракт од сандалово дрво (Santalum Album), екстракт од корен на ѓумбир (Zingiber Officinale), полисорбат 20, натриум цитрат, диазолидинил карбамид, метилпарабен.
Препорачана употреба
Прснете врз кожата за да ја смирите и навлажните.
Основни карактеристики
- Смирување на кожа по сончање, горење или иритирање
- Справување со каснувања од инсекти и алергиски реакции
- Безбеден за чувствителна кожа и за деца
- Поддршка при рани, исеченици и иритации